Кога станува збор за преводот има многу поделени мислења за тоа дали треба да преведуваат само професионалните, дипломирани преведувачи или секој со јазични вештини. Секако, за преводите од одредени области потребно е стручно мислење, но дали самиот превод треба да го работи експерт од областа во која се преведува?
Се чини дека барем овде владее мислење дека познавањето одреден јазик е квалификација за да се стане преведувач. Професорите од Филолошкиот факултет не би се согласиле во врска со ова, а исто така и дипломираните преведувачи.
Оваа дилема веројатно нема да биде решена наскоро и уште долго ќе има поделени мислења во врска со неа.
Меѓутоа, нам не' интересира што се случува со студентите по превод? Дали тие се доволно квалификувани да работат превод? Доколку не, како ќе ја добијат потребната пракса за да станат „експерти“?
Решивме оваа недела да ја истражуваме оваа тема. За да го сториме тоа потребно ни е вашето мислење на темата. Кажете го вашето мислење во коментарите. Студентски преводи - за или против?
Згора на тоа, најавуваме две интервјуа со преведувачи - професор и лектор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ. Се работи за Драги Михајловски и Огнен Чемерски. Интервјуата ќе бидат објавени во текот на следните денови.
Го очекуваме вашето мислење.