* Својата „Лолита“, Владимир Набоков ја напишал на ливчиња, за време на патувањето низ Америка, при кое истовремено собирал пеперутки.
* „Педесет нијанси сиво“ е најпродаваната книга во Велика Британија кога било досега.
* Пред да ја напише „Кодот на Да Винчи“, Ден Браун бил поп-пејач и текстописец.
* Првото издание на „Моби Дик“ е отпечатено без епилогот, со оглед на тоа што машината за печатење се расипала.
* Александар Дима вработил тројца „автори во сенка“ за да му помогнат околу пишувањето на „Тројцата мускетари“.
*
Франц Кафка го замолил својот пријател Макс Брод да ги запали сите негови дела. „Процес“, „Замок“ и „Америка“ се испечатени против неговата волја.
* „Алиса во Земјата на чудата“ своевремено била забранета во Кина, бидејќи ликовите животни зборувале!
* Ноа Вебстер, првиот издавач на реномираниот речник „Вебстер“, на првото издание на речникот, кое било објавено во 1825 година, работел цели 25 години.
* Секунди недостигале „Големиот Гетсби“ да биде реименуван во „Под црвеното, белото и синото“.
* Шерлок Холмс е најчесто прикажуван лик на филм и на телевизија, на сите времиња.
* „Авантурите на Том Соер“ е првата книга напишана на машина за пишување.
* Во „Гуливеровите патувања“ се опишани сателитите на планетата Марс. И тоа приближно еден век пред нивното постоење да биде потврдено од астрономите.
* Чарлс Дикенс „Божиќна приказна“ ја напишал за само шест седмици.
* „Гордост и предрасуда“ оригинално била наречена „Први импресии“.
* „Робинзон Крусо“ е првата англиска новела кога било напишана.
* Шекспир е автор на мноштво зборови во англискиот вокабулар. Овие се некои што самиот ги измислил – трач, рекламирање, шампион, зависност.
* Џокерот е негативец кој требало да биде убиен уште во првото издание на стрипот „Бетмен“.
* Габриел Гарсија
Маркес никогаш не дозволил „Сто години самотија“ да добие филмска верзија.
* Првата Библија пишувана рачно (по откривањето на печатарската машина), чинела осум милиони долари, а изработката траела цели 12 години.