X
 06.03.2020 Живот

Каса за разговор за осамените купувачи

Осаменоста кај повозрасните луѓе е честа појава во целиот свет. Според истражувањата, повеќе од половина од луѓето над 55 години страдаат од осаменост. Овој проблем го забележале и луѓето во супермаркетот „Џамбо“ во Влијмен, Холандија.

Тие воведоа „каса за разговор“ и „ ќоше за кафе-разговор“. Идејата е повозрасните посетители на продавницата да можат да пијат кафе, да се дружат, да запознаваат свои врсници, да зборуваат за нивниот ден, па дури и да побараат помош. И тоа наиде на огромно одобрување, според коментарите на купувачите.

Проектот е одобрен од холандскиот министер за здравство Хуго де Јонг. Во него учествуваат доброволци од хуманитарна организација за помош на стари лица.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот