X
 12.01.2017 Живот

Холандија - земјата каде што живеат најсреќните деца

Две дечиња се бркаат до лизгалката. Нивните мајки седат на клупата близу паркот, задлабочени во разговорот. Во далечината, се слуша лаењето на куче, додека едно момче се обидува да вози на велосипедот, додека неговиот татко оди покрај него.

Група на постари деца во тренерки возат по велосипедската патека, смеејќи се и шегувајќи се. Претекнуваат млада мајка која бавно го вози својот велосипед, со бебенце во седиштето на предната страна од велосипедот, и детенце на седиштето од задната страна на велосипедот. Група на девојчиња си играат на средината на тревникот, додека нивните радосни викотници го пополнуваат воздухот. Недалеку, некои момчиња ги усовршуваат нивните скејтборд потези. Ниту едно од децата не е придружено од возрасните.

Оваа среќна сцена не е од филм. Ова е само обично попладне во пролет во Вонделпарк во Амстердам, сцена која може да се види насекаде низ Холандија.

Во 2013 година, извештајот на УНИЦЕФ процени дека холандските деца се најсреќни во светот. Според истражувачите, холандските деца се понапред од нивните врсници кога станува збор за благосостојбата во детството во споредба со 29. најбогати индустријализирани земји во светот. Велика Британија се најде на 16., а Америка на 26. место, малку погоре од Литванија, Латвија и Романија - трите најсиромашни земји во истражувањето. Децата од Холандија се најдоа во топ 5. земји во секоја оценета категорија: материјална благосостојба; здравје и безбедност; образование; однесување и ризици; и дом и животна средина. Всушност, Холандија постигна највисока оценка за однесување и ризици како и за образование.

Кога од холандските деца било побарано да го оценат нивото на сопствената среќа, повеќе од 95 отсто изјавиле дека се сметаат за среќни. Уште неколку други истражувања исто така ги истакнаа позитивните придобивки од растењето во оваа земја, како на пример британската група за детска сиромаштија и СЗО. Извештајот на УНИЦЕФ беше надополнување на извештајот од 2007 година во кој Холандија се најде на првото место како одличен пример за детски просперитет.

Иако Холандија има репутација на либерална земја со толеранција за секс, дрога и алкохол, сепак под сето ова лежи добро чувана тајна: Холанѓаните се всушност доста конзервативни луѓе. Во срцето на холандската култура лежи општество од луѓе кои го сакаат домот и ги ставаат децата во центарот. Родителите имаат здрав став кон своите деца, ги гледаат како индивидуалци, а не како проширеност од себе. Тие сфаќаат дека успехот не секогаш води кон среќа, туку среќата може да донесе постигнување. Холанѓаните се воздржани од вознемиреност, стрес и очекувањата на денешното родителство и го имаат редифинирано значењето на успех и благосостојба. За нив, успехот почнува со среќа.

Училиште без стрес

Од децата во основно училиште не се очекува да пишуваат домашни задачи, и тие не се плашат од тестови. Живеат еден вид на детство за кое многу од нас се носталгични. Детство од црно-белите фотографии и стари филмови. Во сите холандски основни училишта, децата започнуваат на четири години, меѓутоа официјалното започнување со структурирано учење - читање, пишување и математика, го започнуваат на 6 години. Ако претходно покажат некаков интерес во овие предмети, нив им се обезбедуваат материјали за самите да ги истражуваат.

Тие сакаат да одат на училиште, што се гледа во истражувањето на УНИЦЕФ. Холандските деца најмалку чувствуваат стрес од училишната работа. Холандските родители дефинитивно не се грижат ако малата Софи не свири совршено пијано, не е шампион во шах - едноставно не се грижат за тоа дали нивните деца се најпаметни.

srekni deca
Фото: Freepik

Среќните родители имаат среќни деца


Тие имаат реална перспектива за родителството и сфаќаат дека и тие (и нивните деца) се далеку од совршени и затоа претставуваат родители кои живеат во реалниот свет. Секако, тоа не значи дека не се борат со секојдневните реалности и нередот на животот. Но, бидејќи знаат да си простат за своите маани и недостатоци, во можност се да уживаат во родителството.

Холандското општество се борело и достигнало завидна рамнотежа меѓу работата и животот. Тие во просек работат 29 часа неделно, посветуваат најмалку еден ден од неделата за дружење со нивните деца, и секако, време за себе. Никогаш нема да запознаете холандска мајка која се чувствува виновна поради тоа што малку време поминува со нејзините деца - таа ќе ви каже пронаоѓањето на време за себеси надвор од мајчинството и работата. Цврсти и самоуверени, овие мајки не се паничат и не се под стрес затоа што не се вратиле во форма веднаш после доаѓањето од болница со детето. Исто така, овие мајки не ги прават за децата оние работи за кои самите деца се способни да ги направат - тие веруваат во поттикнување на независноста на соодветна возраст.

Холандските татковци не се плашат дека се „папучари“ - тие имаат еднаква улога во одгледувањето на децата и домашните обврски. Тие се грижат за нивните деца и помагаат околу децата.

Дисциплина


Холандскиот стил на родителство е авторитетно, не авторитарно. Во Холандија, децата се охрабруваат да дејствуваат спонтано. Играта е многу поважна од тивката послушност. Холандија верува во инспирирањето на децата да го истражуваат светот и да учат од тоа. Играта може да биде гласна и вознемирувачка за другите луѓе, нешто што Французите не би го толерирале и Британците и Американците би го осудиле.

Дисциплината не е базирана врз казна. За Холанѓаните, тоа е учење социјално соодветно однесување. Во општество без силна социјална хиеархија, обраќањето кон постарите е странски концепт, така што нема да добиете љубезно обраќање од децата како што би добиле во Франција или Азија. Холандските деца се пријателски настроени кон постарите и за нив секој е на исто рамниште.

Холандските експерти за родителство препорачуваат возрасните да постават добар пример за децата да ги копираат. Двата чести изрази се „Родителството е пракса која што тие ја проповедаат“, и „Кога стариот петел ќе запее, младиот петел учи“.

Дисциплината не е во форсирањето на децата да прават нешто или нивно шпионирање и проверување, заканување или викање. Наместо тоа, тие треба да се поттикнат со пофалба за неприфатливото однесување да се прекине веднаш.

Возење велосипед на дождот

Холандските деца уживаат голем степен на слобода; тие возат велосипед до училиште, играат на улица и ги посетуваат пријателите после училиште, без придружба од возрасен. Ова е дел од холандскиот карактер да излегуваат надвор во сите временски услови. Децата среќно играат надвор на дождот. Спортските активности ретко се откажуваат поради лошите временски услови. Ако е водено, Холанѓаните носат јакни и шушкавци. Ако се дотерани, учат да возат со една рака, додека со другата држат чадор. - Не постои лошо време, постои само лоша облека -  велат холандските родители.

velosiped
Фото: Freepik

И од децата се очекува истото. Со оглед на тоа што имаат еднаква улога во семејството, децата учат да бидат самостојни и да прифаќаат одговорност уште на рана возраст.

Холандската култура е полна со идеализирана слика на дете кое има црвени обравчиња од играњето надвор и несредена руса коса.

Важен е појадокот


Според извештајот на УНИЦЕФ од 2013 година, 85% од холандските деца на возраст од 11, 13 и 15 години појадувале секој ден.

Појадувањето заедно со семејството пред одењето на училиште и на работа е рутина што ја има секое холандско семејство. Во ниту една друга земја семејствата не појадуваат заедно толку често како во Холандија. Холанѓаните се шампиони кога станува збор за појадокот и се чини дека се посреќни и поздрави поради тоа. Меѓутоа вистинската поента е вредноста во идејата за отпочнување на денот заедно на маса што е смирувачко искуство за целото семејство.

Тинејџерите не се бунтовници

Холандските тинејџери не поседуваат ароганција, туку една зрела самоувереност. И покрај тоа што е културно прифатливо да имаат романтични преспивања, Холандија има една од најниските стапки на тинејџерска бременост во светот. Овие добро прилагодени деца растат подготвени да се справат со тестовите на животот.

Покрај тоа, децата во Холандија не пијат. Во ОЕЦД истражување, Британија, Естонија и Данска се наоѓаат на врвот на листата, додека Холандија е последна од сите 26 земји во истражувањето заедно со Америка (поради строгите закони кои го забрануваат алкохолот за малолетници), Италија и Исланд.

Дрогата во оваа земја е интересен проблем поради либералниот пристап на ладата. Иако постојат многу „кафулиња“ кои продаваат марихуана, не само што тие се забранети за малолетниците, туку ниту едно вакво кафуле не смее да биде во дијаметар од 250 метри од училиште. Исто така, се смета дека достапноста на марихуаната кај децата предизвикува незаинтересираност.

Едноставен живот


Нормата во Холандија е едноставност: семејствата имаат тенденција да изберат едноставни, евтини активности. Децата се навикнати да имаат играчки од втора рака.

Додека многу земји ги разгалуваат своите деца и за нив ги сакаат најновите играчки и најновата мода, децата во Холандија надвор возат ролери од втора рака. Една од работите што ги знаеме за среќа е тоа дека луѓето се посреќни во земји каде има помалку социјална нееднаквост.

Холандските родендени и другите прослави повеќе го слават тоа што се собрани сите заедно. Не се обидуваат да ги надминат соседите, пријателите - во смисла на скапи родендени и скапа облека. Постои непишано правило дека подароците за децата не треба да чинат повеќе од 10 евра.

Холанѓаните се одлучуваат за време, не пари и за практичноста наместо луксузните добра. Децата ги учи детството и ги подготвува за животот: тие се прагматични и самоуверени, и не се грижат за статусот во општеството.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот