X
 20.04.2017 Култура

Јапонците имаат решение за долгите редови пред касите во продавниците


Корпа за отпадоци
(Фото: Screenshot/Youtube)

Regi Robo е најновиот изум на Јапонците кој ќе каже збогум на бесконечните редици пред касите во продавниците. Станува збор за решение кое го осмислија генијалците од Panasonic, што претставува систем кој само за неколку секунди ги детектира апсолутно сите производи што сте ги ставиле во потрошувачката, но специјално дизајнирана корпа.

Системот функционира на начин што ги чита RFID (радиофреквенциска идентификација) ознаките кои се залепени на артиклите, што во практиката значи дека ќе ви бидат потребни само неколку моменти за да се најдете пред излезните врати од маркетите, со убаво спакувани кеси во рацете, со оглед на фактот дека Regi Robo воедно е и систем за пакување.

Моделот неодамна е  успешно тестиран во маркетот Lawson во Осака и моментално веќе се користи во неколку маркети низ Јапонија, но колку и да е ефективен и угоден затоа што на купувачите им заштедува и време и нерви, сепак со себе носи и доза на сомнеж.

Се разбира, зборуваме за роботизацијата, за реалните предвидувања дека технолошкиот напредок ќе загрози илјадници постоечки работни места, како во конкретниов случај, на благајниците.

Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура