X
 06.03.2021 Живот

Потрошил 13.000 евра за да украси остров со цвеќиња за поранешната девојка

Триесетгодишниот Су ја потрошил целата заштеда за да ѝ украси цел остров на поранешната девојка, обидувајќи се да ја врати. За жал, неговиот подвиг бил неуспешен, но островот сега е популарна локација за средби на други парови и станува вистинска атракција во селото Хетоу во јужната провинција Гуангдонг, Кина.

Парот ја прекинал врската откако Су се преселил во селото за да се грижи за неговите родители, додека девојката останала во градот во близина на селото. Су потрошил над 100.000 јуани (околу 13.000 евра) за да преобрази стар напуштен остров. Тој дури платил луѓе да изградат мост кој води до островот.


Фото: XHBY

Островот има само 20-30 квадратни метри и изобилува со розови цвеќиња, како и расцветани дрвја од праска и цреша. Во средината има лулашка, а околу неа има патека во облик на срце.

Су почнал да работи на островот во декември, а го завршил во јануари. Неговата девојка била погодена од гестот, но на крајот одбила да му се врати.

Овде може да гледате видеорепортажа од островот.

Автор: Џес Хардиман
Извор: ladbible.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот