Кога се посакуваат, а не се осмелуваат.
Кога се бараат, а се губат во барањето.
Знаете, навистина постојат тие љубови што се толку исти во срцата, но и толку различни во главите.
Таквите љубови не ги убива љубомората.
Не, не.
Љубомората ги убива оние површните, а ваквите – ги убиваат недоразбирањата.
Со срцето е лесно.
Тоа има само две функции.
Срцето пупма крв и срцето љуби.
Тоа се единствените две работи што треба да ги прави.
Првата функција нè одржува во живот, втората го одржува животот во нас.
Проблемот е во главата.
Таа има толку функции, толку работа, па треба уште да мисли на емоциите.
Веќе сте чуле дека сè доаѓа од главата, па така и убивањето на љубовта доаѓа од главата.
Не дозволувајте ѝ на главата кога ќе почне погрешно да ги толкува мислите, да почне да ги толкува и емоциите.
Никој досега не ја убил љубовта со срцето, а со главата – многумина.
Извор