X
 06.03.2024 Живот

62-годишен човек за 2,5 години примил 217 вакцини против ковид

62-годишен маж од Германија бил 217 пати вакциниран против ковид. Бизарниот случај е документиран во списанието „Лансет инфекшс дизизес“.

Вакцините биле купени и дадени приватно во период од две и пол години.

Се чини дека човекот немал никакви лоши последици, велат истражувачите од Универзитетот во Ерланген-Нирнберг.

- Дознавме за неговиот случај преку написи во весници. Потоа го контактиравме и го поканивме да направи различни тестови кај нас. Беше заинтересиран и сакаше да го направи тоа - вели д-р Килијан Шобер од одделот за микробиологија на универзитетот.

Истражувачите тестирале негови примероци од замрзната крв што биле складирани во последните години и примероци од крв сега.

Д-р Шобер беше загрижен дека хиперстимулирањето на имунолошкиот систем со повторени дози може да измори одредени клетки. Но, истражувачите не нашле докази за тоа кај 62-годишниот човек. И немало знаци дека тој некогаш бил заразен со ковид.

- Важно е да нагласиме дека не ја поддржуваме хипервакцинацијата како стратегија за подобрување на адаптивниот имунитет. Тековните истражувања покажуваат дека вакцинацијата со три дози, заедно со редовните дополнителни вакцини за ранливите групи, останува фаворизираниот пристап - велат истражувачите.

Извор: ВВС
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот