X
 30.01.2021 Живот

Необични локации што станаа центри за вакцинација месецов

Повеќе земји низ светот почнаа да ги вакцинираат своите граѓани против коронавирусот, а за таа цел се користат разни локации, па дури и катедрали и лизгалишта. Ова се најнеобичните места на кои се спроведува вакцинација против Ковид-19 низ светот.

Катедрала

Повеќе катедрали во Велика Британија се користат како центри за вакцинација. Оние што чекаат да бидат вакцинирани уживаат во црковна музика за да се смират.



„Дизниленд“

Во Калифорнија може да се вакцинирате на паркинг во забавниот центар „Дизниленд“. На оваа локација се вакцинираат околу 3.000 луѓе секој ден.

Аеродром

Илјадници членови на екипажот и други вработени во авионските компании во Сингапур се вакцинираат во центар во терминалот 4 на аеродромот „Чанги“.

Лизгалиште

Берлин го претвори лизгалиштето „Ерика-Хес“ во центар за вакцинација. Градот планира на сличен начин да пренамени и стар аеродром и велодром.

Тркачка патека

Тркачката патека „Епсом Даунс“, која се користи за организирање трки со коњи, сега претставува привремен центар за имунизација во Англија.

Стадион за бејзбол

Стадионот „Сити филд“ во Њујорк ќе стане центар за масовна вакцинација, изјавил градоначалникот Бил де Блазио. На ова место ќе може да се вакцинираат до 7.000 луѓе дневно.



Собирен центар

Конференциите се ставени на пауза, па собирниот центар во Торонто, Канада, бил претворен во центар за вакцинација, иако во моментов не функционира поради недостиг на вакцини.

Воден парк

Водениот парк „Тајм капсул“ во Шкотска е еден од најинтересните центри за вакцинација во светот. Во него има цркви, училишта и сали.

Автор: Соња Елкс
Извор: weforum.org
Фото: Screenshot/Instagram>
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот