Пентагон ги утврди процедурите за спроведување и казнување на вработените што не се вакцинирани. Им дава повеќе од еден месец за целосно да се вакцинираат.
Во упатството, кое беше објавено во понеделникот, се вели дека цивилните вработени што одбиваат да се вакцинираат ќе се соочат со серија казни, вклучувајќи пет дена едукација и советување, 14 дена неплатено суспендирање и на крај, отказ поради непочитување директна наредба.
Овие дејствија ќе почнат на 22 ноември, датумот на крајниот рок за вакцинација. Постојат и други опции за казнување, иако не се кажува кои се тие.
Цивилните вработени што се ослободени од вакцинација или чекаат одлука за изземање нема да се соочат со казни. Вработените можат да се вакцинираат во текот на работното време и можат да земат два дена одмор по примањето на секоја доза, доколку доживеат несакани реакции.
Различни служби имаат различни рокови
Секоја служба има одредено рок за членовите да бидат вакцинирани. Воздухопловните сили го имаат најраниот рок, па така треба да се вакцинираат до 2 ноември. Морнарицата и маринскиот корпус имаат рок до 28 ноември. Армијата веќе има вакцинирано 91,4 отсто од активните војници, а нејзиниот рок за вакцинација е 15 декември.
Сѐ на сѐ, војската има стапка на вакцинација од 96,7 отсто меѓу активните работници, вклучително и целосно и делумно вакцинирани.
Ниту морнарицата ниту маринскиот корпус не овозможија верски исклучоци за припадниците на службата.
За разлика од војската, Министерството за одбрана нема систем за следење на вакцинациите во реално време за својата цивилна работна сила. Наместо тоа, цивилните вработени мора да им донесат доказ за вакцинација на нивните претпоставени, кои потоа ќе ги проверат и евидентираат информациите.
За вработените во Пентагон ова упатство не важи. Наместо тоа, тие мора или да бидат целосно вакцинирани или да покажат негативен ПЦР-тест пред да влезат во кој било објект.
Извор:
CNN
Фото: Freepik