X
 06.04.2020 Образование

Tалентираните за странски јазици најлесно учат програмирање

Се чини дека најважната работа кога станува збор за учењето програмски јазици не е талентот за математика или друга наука, туку способноста за учење странски јазици. Според нашите практики во образованието, добрите математичари најчесто се поттикнуваат да учат програмски јазици и сите стереотипи за програмерите кружат околу математиката.


Фото: Pixabay

Шантел Прат, помошник-професор по психологија на Универзитетот во Вашингтон, водела истражување кое ги побива сите овие стереотипи.

- Информациите за тоа што е потребно да се има за да се биде добар во програмирање недостигаат во полето кое е толку бавно кога станува збор за елиминирањето на разликите помеѓу половите - вели Прат.

Истражувањето било мало и било спроведено на 36 возрасни лица што учеле Пајтон. Додека учеле, им биле правени повеќе тестови за работата на нивниот мозок. Учесниците што најбргу и најдобро научиле Пајтон имале и вештини за учење странски јазици, како и добра меморија.


Фото: Pixabay

Овие откритија може да имаат големо влијание врз програмите за учење програмски јазици, кои поретко се фокусираат на студентите од општествените науки. Студиските програми во областа најчесто содржат математика и инженерски предмети.

Истражувачите бараат промена во концептот со тоа што учењето модерни програмски јазици повеќе би било како учењето природен јазик, како француски или кинески.

Извор: Fastcompany.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование