X
 01.02.2017 Наука

Како да ја активирате способноста за учење на вашиот мозок?

Во неодамнешна студија на „Nature Neuroscience“ се тврди дека можно е да се подобри перформансот на мозокот преку менување на хемикалиите во него кои се „заклучуваат“ при тренинг.

За да се разбере како прекумерното учење влијае на нашата способност да добиеме нова вештина, истражувачите изложиле две групи на неколку серии вежби за учење преку визуелна перцепција. Во првата група, учениците престанале со вежбање веднаш откако почнале да се подобруваат и да покажуваат напредок. Тоа се случило околу осмата рунда на вежби. Потоа зеле 30 минути пауза. По паузата, вежбале друга област, но слична на вежбата за визуелна перцепција. Наредниот ден биле тестирани и имале подобар резултат на втората вежба, која ја научиле неодамна. Што се однесува до првата вежба, бележеле многу лоши резултати, како никогаш да не вежбале.

Мозокот е флексибилен – се адаптира на учење нови задачи. Она што е пораката од истражувањето е дека ако престанете да вежбате одредена вештина веднаш откако ќе ја совладате, вашиот мозок се наоѓа во состојба „подготвен да учи“. Ако потоа вежбате задача слична на првата додека мозокот е уште во таква состојба, тогаш ја прекрива првата вештина. Како воопшто да не сте ја учеле првата вештина.

Во истата студија, втората група пак прекумерно научила. Групата продолжила со вежбање и тоа вкупно 16 рунди. По 30-минутна пауза започнале со совладување нова вештина и наредниот ден се тестирале. Оние кои прекумерно научиле имале многу подобри резултати на првата вежба. Од тоа произлегува дека ако се потрошат дополнителни 20 минути на вежбање вештина која веќе е совладана, тоа доведува до трајни подобрувања.

Ова најсоодветно е да се примени кај наставниците, кои сакаат да се осигураат дека нивните ученици ќе имаат основа за одредена тема која сакаат да ја утврдат пред да продолжат со предавање на нов материјал.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука