X
 01.03.2018 Живот

Ако не инвестирате 5 часа неделно во учење, неодговорни сте

Зошто најзафатената личност на светот, поранешниот претседател Барак Обама, секој ден по еден час чита книга додека е во канцеларија? Зошто инвеститорот Ворен Бафет 80 проценти од своето време го посветува на читање? Зошто Бил Гејтс чита по една книга секоја недела во текот на целата негова кариера? Зошто успешните луѓе во светот го почитуваат правилото од 5 часа работа и учење?


Одговорот на сите овие прашања е дека учењето е најдобрата инвестиција што можеме да ја направиме со нашето време. Целиот живот го поминуваме грижејќи се за пари и велиме дека нема доволно време за учење нешто ново, но тоа така е затоа што се посветуваме само на заработка, а не и на знаење.

Оние што вредно работат во текот на целата своја кариера, но не посветуваат време на константно учење, стануваат ризична група бидејќи остануваат на дното на глобалната конкуренција и натпревар и ризикуваат да ги изгубат своите работни места по автоматизација. Ќе имаат недостиг на вештини кои сè повеќе се бараат на пазарот и едноставно нема да бидат во тек со идните случувања. Дури и само основно ниво на знаење е важно и уникатно, односно знаењето сега е пари. Но, за разлика од парите, знаењето не се троши, туку останува и може само да доведе до дополнителни приходи – и материјални и нематеријални. Со знаењето полесно ќе ги постигнете своите цели, ќе напредувате и ќе успеете. Кои се потребните вештини за да ја совладате новата економија на знаењето:

1. Идентификувајте вредно знаење во вистинско време

Вредноста на знаењето се менува и како што напредуваат технологиите и ја менуваат индустријата, така често има дефицит на луѓе со потребните вештини. Сето тоа доведува до потреба од нови знаења и вештини, а и поголема конкуренција.

2. Научете брзо да го совладувате знаењето

Можностите се присутни, но и не траат вечно. Индивидуата мора да ги искористи тогаш кога ќе ги увиди. Ова значи дека е потребно новите вештини да се учат брзо.

3. Пренесување на вредноста на сопствените вештини на другите

Луѓето со исти вештини можат да имаат различни плати врз основа на тоа колку добро комуницираат и ги убедуваат другите. Уверете ги другите дека вашите вештини се вредни и потребни.

4. Претворете го вашето знаење во пари и резултати

Барајте добро платена работа, креирајте успешен бизнис и посветете се на него, продавајте го вашето знаење како консултант и градете репутација на лидер.

5. Научете финансиски да инвестирате во учење

Пронајдете ги корисните онлајн-курсеви и програми за да ви помогнат да ги постигнете своите цели врз основа на буџетот со кој располагате. Инвестирајте во нови знаења.

6. Совладајте ја вештината за учење како да учите

Нашата стапка на учење одредува колку брзо нашето знаење се оформува низ времето. Ако согледате како најбрзо учите, применувајте го тоа и ќе се уверите дека вредноста на секој час посветен на учење се зголемува.

Исто така, потребно е да се престане со размислувањето дека најдобро се учи на возраст од 5 до 22 години, а за да го надминеме тоа, потребно е токму константно да учиме. На мрзливоста треба да ѝ се стави крај, како и на многуте изговори што си ги кажуваме.

Вашиот ритуал за учење можете да го започнете уште денес, во три чекори:

1. Пронајдете време за читање и учење дури и ако сте презафатени.

2. Останете конзистентни во пронаоѓање на тоа време и обидете се да одолеете на секаквите одвлекувања на вниманието.

3. Зголемете ги резултатите што ги добивате секој час од учењето преку користење докажани методи кои ви помагаат во меморијата и применувањето на наученото.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот