X
 06.04.2022 Живот

Бесплатен јавен превоз за сите средношколци, бараат од ССРСМ

Бесплатен јавен превоз за сите средношколци, меѓународна соработка и демократско средношколско организирање побара денеска од Министерството за образование и наука Сојузот на средношколци на Македонија (ССРСМ).

- Лука Павиќевиќ, претседател на ССРСМ, рече дека Сојузот подготвил два предлог-закони кои се однесуваат на воведувањето бесплатен јавен превоз и на другите барања.

Тој информира дека подготвиле и предлог-закон кој ќе гарантира постоење на ученички совети во секое училиште, нивна независност од другите органи на училишната управа и демократски непосредни избори за претседателите на ученичките совети.

- Средношколското организирање е круцијално за канализирањето на гласот на средношколците и исполнување на нивните барања и интереси - смета Павиќевиќ.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот