X
 09.04.2015 Образование

И битолските средношколци ќе ја бојкотираат наставата

Битолскиот Средношколски пленум  за вторник од 10 до 14 часот најави бојкот на наставата  во средното  Техничко училиште во Битола.  Тие повикаа  да им се приклучат сите средношколците, а од поддршката што ќе ја добијат, ќе одлучат дали бојкотот ќе го прошират и во останатите училишта.

 

1


„Бојкотот ќе се спроведе по примерот на средношколците во другите градови на Македонија, затоа што бевме игнорирани од Министерсвото за образование и не е одговорено на наште барања за средба, а се оствари средба со Средношколската унија, која според нас не е легитимно тело за преговори.  Уште еднаш упатуваме барање за средба со Средношколскиот пленум, а нашите барња се познати, враќање на стариот модел на државна матура и  укинување на екстерното тестирање“, изјави Евгениј Литовски од Средношколски пленум, Битола.

 

2


Средношколците побараа поддршка од  наставниците, но и од  родителите во битката против, како што велат, лоште реформи во образованието.

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование