X
 29.07.2020 Образование

Една недела по хакерскиот напад почна да функционира страницата на МОН

По речиси една недела од хакерскиот напад, страницата на Министерството за образование и наука (mon.gov.mk) утринава беше вратена во функција со нов дизајн.

На страницата може да се види дека таа ќе биде на три јазици: македонски, албански и англиски, но засега најапдејтирана е верзијата на македонски јазик.

Страницата на Министерството за здравство сè уште не функционира.

-Сè уште се работи на решавање и утврдување на причините на техничките прекини предизвикани од извршен сајбер-напад кон веб-страницата на Министерството за здравство, како и на серверот за службените е-мејл адреси. Соодветните институции истражуваат што точно се случило, како и која е причината и причинителот, како и можните решенија, за што дополнително ќе ја информираме јавноста - истакнаа од Министерството за здравство.

Страниците на Министерството за образование и наука и на Министерството за здравство од четвртокот беа недостапни поради хакерски напад. Одговорност за нападот, според пишувањата на „Твитер“, презема групата „АнонОпсМКД“, која ја нападна и страницата на агрегаторот time.mk, во период на избори, а истото се случи и со страницата на Државната изборна комисија.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование