Уморни сте од плаќање патарини додека патувате во странство? Нова опција од „Гугл мапс“ може да ви помогне да ги одбегнете. Од „Гугл“ најавиле неколку новости за корисниците на „Гугл мапс“.
Меѓу другото, од овој месец апликацијата ќе нуди и податоци за патарини во САД, Јапонија, Индија и во Индонезија, а наскоро и во повеќе земји. Патарините ќе бидат означени и ќе добиете пресметка за сумата што би ја платиле за време на патувањето.
„Гугл мапс“ ќе почне да вклучува и податоци за семафори и знаци за застанување во некои земји кои сè уште не се откриени.
Овие нови опции ќе бидат достапни за корисниците на „Андроид“ и ајфон.
Извор:
Mashable
Насловна фотографија: Pixabay