X
 22.07.2020 Живот

„Гугл мапс“ станува покорисен за велосипедистите

„Гугл“ штотуку ја откри најновата верзија на својата апликација „Гугл мапс“ која ќе им се допадне на сите велосипедисти.

Од февруари на „Гугл“ се пребарувани 69% повеќе велосипедски насоки во апликацијата поради пандемијата. Велосипедите никогаш не биле толку популарни. Затоа „Гугл“ додал стотици илјадници нови велосипедски патеки во „Гугл мапс“ низ светот.


Фото: Freepik

Освен тоа, во новата верзија се означени улиците што се соодветни за велосипеди, а се споделуваат и повеќе информации за услугите за изнајмување велосипеди. Корисниците во некои градови може да видат дали има велосипеди за изнајмување на одредени локации со помош на апликацијата.

За 10 града низ светот достапна е и можноста за изнајмување велосипед преку апликацијата. Оваа опција е достапна во Чикаго, Њујорк, Вашингтон, Сан Франциско, Лондон, Мексико Сити, Монтреал, Рио де Жанеиро, Сао Пауло и Тајпеј.


Фото: Freepik

За да ги видат најновите информации, корисниците треба да ја отворат апликацијата и да ја внесат дестинацијата, а под иконата со велосипед се достапни насоките за велосипеди.

„Гугл“ првпат ги додаде насоките за велосипеди во апликацијата „Гугл мапс“ пред повеќе од една деценија. Тогаш беа означени велосипедските патеки на улиците и почнаа да се пресметуваат најдобрите насоки за возење.

Автор: Кетрин Лаграв
Извор: afar.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот