Патарините во Србија од денеска поскапуваат за 12 отсто. Од седум часот утрово во Србија се во сила нови цени на патарините на автопатиштата.
Ценовникот со детален приказ на новите цени по делници е поставен на сајтот на „Патишта на Србија“.
Патарината претходно во Србија поскапеа на 7 јануари 2017 година за 10 отсто.
На автопатот Белград – Ниш во зависност од категоријата на возилото патарината чини од 450 до 5.140 динари. За автомобили на таа делница патарината изнесува 900 динари, а од Ниш до Прешево – 600 динари.
Кога станува збор за автопатот кон Хрватска, во зависност од категоријата на возило за патарина од Белград до Шид треба да сае издвојат од 410 до 2.530 динари.
Извор: МИА