Катар претставил осум стадиони за Светското првенство во фудбал, а ова е првпат во историјата ова првенство да не се одржува во текот на летото.
Светското првенство годинава ќе се одржи во ноември и декември, кога во Катар треба да има температури околу 25 Целзиусови степени. Иако оваа температура не е превисока, на стадионите ќе има климатизери за да им биде удобно на играчите и на навивачите.
Технологијата за напојување на климатизерите делумно користи сончева енергија, а била развиена со помош на универзитет во Катар. Со оваа технологија воздухот ќе се прочистува освен што ќе се лади.
Отворањето на првенството е закажано за 21 ноември, а првиот натпревар ќе биде одигран помеѓу Сенегал и Холандија.
Извор:
Idesh
Насловна фотографија: Twitter