Комисијата за заразни болести дозволи вклучување на клима-уредите во просториите каде што престојуваат децата во градинките, со услов претходно да се направи нивно темелно чистење, сервисирање, како и редовно и континуирано одржување, нè информираа од Министерството за труд и социјална политика – МТСП.
Оваа одлука на Комисијата за заразни болести е донесена откако МТСП испрати допис, по реакцијата на група родители објавена на
Деца.мк, кои бараа промена на протоколите за заштита од ковид-19, односно да може просториите во градинките да се разладуваат со клима-уреди во период кога во земјата температурите достигнуваат и 40 Целзиусови степени.