X
 06.04.2024 Технологија

Измислен штит за невидливост - погледнете како функционира

За овој импресивен штит се тврди дека може да направи повеќе луѓе да бидат невидливи, давајќи им на корисниците чувство дека се во волшебен свет како во популарниот филм „Хари Потер“. Инспириран од магијата и модерната технологија, „Мегашилд“ користи ултраголеми леќи, внимателно конструирани, кои се способни да ја пренасочат светлината што се рефлектира од лицето што стои зад штитот, одвлекувајќи го вниманието на набљудувачот и создавајќи илузија на невидливост.

Сепак, иако оваа технологија овозможува импресивни резултати, понекогаш може да создаде заматен блок.

Она што го прави овој производ уште пофасцинантен е неговата практичност. Секој штит е целосно водоотпорен и не бара надворешно напојување, што го прави идеален за различни ситуации. Исто така, изработен е од материјали кои можат целосно да се рециклираат, што ја нагласува еколошката свест на компанијата.

Неверојатен изум

Дизајнерот Тристан Томпсон од компанијата „Инвизибилити шилд“ го споделил својот ентузијазам за производот, истакнувајќи дека покрај нивната функционалност и корисност, овие штитови се и исклучително забавни за користење.

- Ова е чекор напред во технологијата, ја отвора вратата за неверојатни можности и создава мост помеѓу имагинацијата и реалноста - истакнал Томпсон.

Откако првпат биле објавени во 2022 година, штитовите станале предмет на восхит и интерес низ целиот свет. „Инвизибилити шилд“ како компанија го започнала своето патување кон успехот со групно финансирање на „Кикстартер“, надминувајќи ја својата цел од 6.600 долари и воодушевувајќи ги клиентите низ светот. Сега, четири години подоцна, компанијата го ажурирала својот производ за да понуди уште поимпресивни карактеристики и перформанси.


Најновата верзија на невидливиот штит може да скрие повеќе луѓе, овозможувајќи им на корисниците лесно да го носат со себе и да го користат штитот секаде каде што сакаат да „исчезнат“. Томпсон нагласил дека овој чекор е само почеток, а целта е да се покаже како технологијата може да ги надмине границите на имагинацијата и да стане реалност.

Извор: klik.hr

Фото: YouTube screenshoot

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија