Блогерите на „Патентли Епл“ забележале нов фасцинантен патент на компанијата „Епл“. Станува збор за систем со кој би се поставиле мали екрани на секое копче на тастатурата.
Според патентот, би станувало збор за самостојна тастатура или тастатура вградена во лаптоп во која секое копче може да се конфигурира за да прикаже што било, а со тоа копчињата би можеле да се менуваат од букви на латиница во букви на кирилица или слично.
Ваквата тастатура веројатно би можела да направи многу повеќе од ова и би отворила нови можности во дизајнот и видеоигрите.
Згора на тоа, тастатурите се хардвер што е тешко да се унапредува и се чини дека
тастатурите се непроменети со децении. Тастатурата е и уред кој корисниците многу го удираат и може да биде оштетен, што го прави новиот изум пофасцинантен.
Автор: Џон Кристијан
Извор:
futurism.com
Фото: Pixabay