X
 28.06.2015 Технологија

Како да ги поправите проблематичните пиксели на екранот?

Доколку имате забележано мала точка на екранот која има различна боја од остатокот и не исчезнува, големи се шансите дека имате проблем со некој пиксел.


Модерните ЛЦД и ЛЕД екрани имаат милиони мали точки (пиксели) кои ја даваат целата слика на екранот. Доволно е да престане да функционира само дел од еден пиксел за да забележите точка на темна позадина. Доколку ви се случува ова, постои едноставен начин со кој ќе се ослободите од проблемот за десетина минути.

За почеток, одете на интернет-страницата „JScreenFix“. Одете до дното на страницата и притиснете на „Launch JScreenFix“.


Ќе видите квадрат на екранот. Користете го глувчето за да го движите овој квадрат насекаде низ екранот сè додека не се најде над проблематичниот пиксел.


Потоа, оставете го квадратот и почекајте десетина минути. Методот има успех во 60% од случаите.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија