X
 17.10.2016 Образование

Како да се искористи технологијата во наставата?

Како и сé друго, технологијата може да се искористи и за добро и за лошо. Додека многу родители и наставници и професори имаат проблем да ги заинтересираат учениците за наставата и домашните задачи, токму технологијата може да се искористи за таа цел.

училница со деца


Вклучување во процесите на изработка на многу нешта: вклучете ги децата во креирање на насоки, прашалници и концепти поврзани со наставата. Добра идеја е да се креира блог каде што може да се споделуваат идеи, презентации, истражувања, резултати, слики и слично.

Презентација на апстрактни концепти: охрабрете ги учениците да прават истражување со тоа што ќе ја искористат технологијата за снимање видеа што подоцна ќе треба да ги презентираат како дел од истражувањето.

Искуства надвор од училиштето:
настаните што се случуваат надвор од училиштето се многу важни. Нека имаат за задача да ги документираат во слики, видеа или презентации, па со тоа ќе се охрабрат да развијат и вештини, на пример, фотографирање.

Раскажување на приказни: раскажувањето на приказни во групи преку користење на слики и музика е одличен начин децата да се поврзат меѓу себе и да се развива соработка и емпатија.

Социјални медиуми: социјалните медиуми би можеле да се искористат и за наставата. Може да се креира страница каде што може да се споделуваат идеи што се поврзани со тековните лекции, кои подоцна би се сумирале и би се презентирале. На пример, по лекцијата за „Енергија“, тие може да споделат идеи за користење на соларната енергија, а истите подоцна да ги презентираат заедно.

Креирање на поткасти: учениците нека имаат за задача да интервјуираат вистинска личност во одредена работа: кустос во музеј или менаџер на проект. Потоа овие материјали може да се искористат за дискусии за кариера, или може да се направи нешто слично за друга област.

Пружање помош: учениците би можеле да напишат текст за тоа како функционира одреден дел од технологијата и овие насоки би му помогнале на некој друг, на пример, нивната баба. Овде има многу можности: како да вклучете Ајпод или како да се поврзите со пријател на видео-разговор на скајп.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование