X
 06.05.2017 Култура

„Ернест Хемингвеј беше советски шпион!“

Американскиот книжевник Ернест Хемингвеј водел таен живот како советски шпион, тврди авторот на негова биографија.

Поранешниот агент на ЦИА, Николас Рејнолдс, објави книга под наслов „Писател, морнар, војник, шпион“ каде тврди дека дошол до тајни документи кои биле прошверцувани од Москва и кои се доказ дека Хемингвеј бил регрутиран од страна на КГБ во 1940 година.

Според документите, Хемингвеј сакал да соработува со Сталин врз „идеолошка основа“ и дека за своите шпионски активности не сакал пари. Со Советите се среќавал на локации надвор од Америка и имал кодно име „Арго“.

Руската државна архива сè уште не ја објавила доверливата документација.

Рејнолдс, наводно, се запознал со поранешниот агент на КГБ, Александар Василев, кој поседувал делови од досието на Хемингвеј во КГБ.

„Сојузништвото со комунистите влијаело врз многу негови одлуки во последните 15 години од неговиот живот“, тврди авторот.

„Редица настани доведоа до негово самоубиство во 1961 година. Многу драми се случувале во неговата глава каде ги преувеличувал. Не ја разбирал политиката и интригите колку што самиот сметал дека може, а ја преценувал својата способност да се контролира себе си и другите. На крајот ги разбрал своите граници и дошол до трагичен заклучок дека единствениот начин да ја врати контролата е да се убие.“
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура