X
 19.01.2017 Култура

ЦИА ja објави содржината на 800.000 заштитени документи

ЦИА на интернет објави 800.000 досега заштитени документи. Објавата на документите дошла после долга борба на застапниците на правото на достапност до информации и тужбата против тајните служби. Помеѓу документите се наоѓаат брифинзи, истражувања и искази на сведоците кои тврдат дека виделе НЛО и разни резултати од експерименти.

Севкупната архива се содржи од 800.000 документи кои се наоѓаат на 13 милиони страни, а меѓу нив се наоѓаат документи на Хенри Кисинџер, кој бил советник на претседателот за национална безбедност и служел како државен секретар за време на владеењето на Ричард Никсон и Џералд Форд.

Можеби најинтересни меѓу објавените документи се документите кои настанале од таканаречената „Старгејт“ програма, која истражувала видовитост и екстрасензорна перцепција (таканаречено шесто сетило), а кои помеѓу останатото вклучуваат и тестирања направени врз Ури Гелер од 1973 година.

Од резултатите е видливо како Гелер бил способен делумно да реплицира цртежи кои агентите ги цртале во соседната просторија. Заклучокот од тестирањето било дека Гелер покажува „паранормални перцептивни способности и тоа на убедлив начин“.

Други интересни документи се поврзани со сведочењето на летечките чинии и рецепти за невидливо мастило. Иако голем дел од овие информации се јавно достапни од 1990-те, досега беше навистина тешко да се дојде до документите, до кои можело да се пристапи од четири компјутери во Националниот архив во Мериленд. Непрофитната организација која се бори за правото на пристап до информации, „Макрок“, ја тужила ЦИА со цел да ја натера да ги објави документите, а целиот процес траел 2 години.

Документите можете да ги пронајдете на овој линк.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура