06.05.2019
Технологија
Првиот 5Г-телевизор ќе биде претставен до крајот на годинава
Кинескиот технолошки гигант „Хуавеи“ годинава ќе го претстави првиот 5Г-телевизор во светот, објави списанието „Никеи ејжан ривју“ повикувајќи се на неименуван извор.
Меѓутоа, „Хуавеи“ сè уште официјално не ги потврдил тие наводи.
Наводно, телевизорот ќе има 5Г-модул и екран со резолуција 8К, што овозможува преземање големи количини содржина со огромна брзина и 16 пати поквалитетна слика од сегашните екрани со 1.080 пиксели ХД.
Во споредба со обичните телевизори поврзани на кабелски модем или оптичко влакно, 5Г-ТВ ќе го прима сигналот преку вграден 5Г-модем.
Извор: МИА