Едни од најпосакуваните телефони официјално беа пуштени во продажба на 21 септември. „Ајфон XS“ и „ајфон XS Max“ се достапни од првиот ден, а „ајфон XR“ беше најавен да биде ставен на полиците до крајот на октомври. Сите минатогодишни уреди ќе се продаваат по малку пониска цена.
Според првичните резултати, најмногу се продава „ајфон XS Max“ и покрај високата цена.
Со оглед на тоа дека главниот аргумент на противниците на „ајфон“ главно лежи во неговата цена, мнозинството купувачи ќе го земат во рамките на договор кој неретко ја намалува цената на уредот за 20 до 30 отсто. Дури и по намалувањето, паметниот телефон на „Епл“ е еден од најскапите на пазарот.
Освен за новиот паметен телефон на „Епл“, купувачите се интересираа и за четвртата серија на „епл воч“, најнапредниот паметен часовник на „Епл“ досега.
Оваа фотографија е направена во текот на премиерната продажба на уредот во „Епл стор“ во центарот на Лондон.
Фото: Tportal
При премиерната продажба во Лондон, локалното претставништво на „Хуавеи“ ги рекламираше своите производи давајќи им на купувачите на „ајфон“ сок што трае (без јаболко) и преносни батерии.
Фото: Tportal
Од „Хуавеи“ ја искористија можноста и да ги промовираат своите идни производи и ги расположија посетителите со многу корисен гаџет. Батериите, на чија амбалажа пишува „ќе ви треба“, имаат импресивен капацитет од 10.000 mAh.
Фото: Tportal
Кинеските купувачи беа меѓу првите што можеа да ги пробаат и купат новите „ајфони“. Како и пред сите продавници на „Епл“, така и таму имаше редица, иако не толку голема како оние во Њујорк и Лондон.
Инаку, „ајфон XS“ е мал еволутивен чекор во однос на минатогодишниот „ајфон X“, што значи дека ќе го купуваат оние што минатата година не се прелажле да купат некој од
новите уреди на „Епл“.