X
 21.04.2015 Технологија

Каков телевизор треба да купите?

Која технологија на телевизори е најдобар? Кој е најдобриот LCD телевизор? Која големина на екранот е најдобра за вашата дневна соба? Која е разликата меѓу LCD и LED телевизори?

 

tv


Одговорите не се секогаш очигледни. Всушност, купувањето на нов телевизор знае да биде навистина стресно дури и за оние луѓе кои ја познаваат технологијата - постојат толку многу брендови, толку многу опции, големини на екран и вкусови за избор.

Кој телевизор е правилниот за вас, вашето семејство и вашиот простор за живеење?

Какви видови на телевизори постојат?


Постојат различни видови на екрани, кои сите работат на различен начин за да произведат еден ист резултат. Секоја технологија има своја уникатна предност и слабост, такашто постојат неколку основи за разгледување.

LCD телевизор: CCFL


До неодамна сите LCD телевизори имаат приклучени CCFL (cold cathode fluorescent) ламби. Оваа технологија беше заменета од супериорен LED метод на поскапи сетови, меѓутоа овој стандард се`уште постои кај некои поевтини модели.

LED телевизор: Direct LED


Екраните на овие телевизори секогаш се осветлени со низа на LED (диоди кои емитуваат светлина) директно зад екранот. Ова им овозможува локализирани намалувања на светлината и во поголема мера го подоборува контрастот. LED телевизорите исто така имаат поголема моќ и се способни за поширок опсег на боја од CCFL моделите.

LED телевизор: Edge LED

Со овие телевизори, LED диодите за осветлување се поставени по должината на рабовите на панелот. На тој начин се овозможуваат радикално тенки екрани и супериорен контраст на ниво на CCFL, меѓутоа не може да се постигне ист квалитет на сликата, како директно осветлените LED модели.

ОLED телевизор

Осветлувањето на OLED (organic light emitting diode) е постигнато со пропуштање на електрична струја низ електролуминисцентниот филм. Оваа техника произведува многу подобри бои и повисок контраст и исто така овозможува екранот да биде исклучително тенок и флексибилен.

Плазма теелвизор

PDP (plasma display panel) телевизорите користат стаклени панели кои содржат милион мали клетки исполнети со мешавина на инертни гасови. Електричната енергија ги предизвикува гасовите да ги осветлуваат пискелите на екранот.

Свиткан телевизор

Некои производители сега ги виткаат екраните. Но, за разлика од старите CRT телевизори, кривината е внатре наместо надвор. Идејата е дека ова го прави секој пискел еднакво оддалечен од вашите очи, доставувајќи и повеќе од задоволувачка слика.

Која резолуција е совршена за вас?

HD

HD телевизорите доаѓаат во две резолуции. Моделите со HD имаат можност да прикажуваат минимум 720р слика, и генерално имаат екран со резолуција 1366 x 768 пиксели. Во меѓувреме, Full HD телевизор има повисока резолуција - 1.920 x 1.080 пикесли.

Ultra HD и 4K

Резолуцијата на Ultra HD е четири пати повисока од full HD - 3.840 x 2.160. Тоа значи дека имате многу подетална слика, со содржина која бара голем опсег и простор за складирање. 4К телевизорите имаат тенденција да бидат добри во зголемување на резолуцијата на HD видео и Ultra HD, меѓутоа во моментот имаат малку опции за гледање на телевизија.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија