X
 06.05.2022 Живот

Трето издание на Филмската училница во Кинотека

„Гледај филмови, учи и создавај“ е мотото на интерактивната филмска училница

Кинотеката продолжува со својата Филмска училница - проект за филмска писменост и креативна едукација од областа на филмот и аудио-визуелното наследство, наменет за ученици од основните и средните училишта.

„Гледај филмови, учи и создавај“ е мотото на интерактивната филмска училница каде што учесниците имаат можност да се запознаат со националното аудио-визуелно културно наследство, да добијат основи на филмска писменост, да научат како да гледаат филм, како да размислуваат за едно филмско дело и да добијат основни знаења за креирање сопствени филмски етиди.
Третото издание на Филмската училница е во соработка со Филмскиот фестивал за млади „Џифони“ и се одржува секоја сабота, како дел од манифестацијата „Џифони филмски денови“, и е отворена за сите деца што сакаат да научат како да раскажат филмска приказна.



- Досега се реализирани четири училници. На часовите учесниците се запознаа со почетоците на филмот во светот и во Македонија. Беа прикажани филмовите на браќата Лимиер и на браќата Манаки. Работеа вежби на опсервација. Разговараа за првите фази на процесот од идеја до филм. Зборуваа за своите искуства при снимањата на своите први филмски форми. Прва гостинка беше Леона Јариќ. Беа прикажани и два филма од Националниот фонд на Кинотеката - „Луѓе и птици“ и „Свилен конец“, кои побудија интересна дискусија кај учениците - информираат од Кинотеката.

Креатор на Филмската училница е режисерката Марија Џиџева, која ги води часовите, заедно со помладите соработници на Кинотеката, а воедно и млади филмски автори Илија Павлов и Филип Лафазановски.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот