„Биби, Боби и една снешкастична Нова година“, „Калимити Џејн“, „Патешествието на принцот“ се само дел од анимираните филмови во кои ќе можат да уживаат најмалите од средината на јануари во Кинотека. Филмот на Биби и Боби ќе се прикажува во попладневните часови, додека другите проекции на детските филмови ќе бидат напладне.
Тинејџерите ќе имаат можност да видат неколку играни филмови од поновата продукција. Тоа се францускиот игран филм „Антоанета во севените“ и италијанските наслови „Брат ми брка диносауруси“ и Стакленото момче“. За нив се резервирани вечерните проекции од 19 часот.
Повеќе за програмата на страницата на
Кинотека.