Кошмарите дел од нашите животи, но се чини дека можно е да се елиминираат со неинвазивна техника.
Истражување спроведено на 36 пациенти кои редовно имале кошмари покажало дека комбинација на две едноставни терапии може да ги намали кошмарите. Научниците побарале од пациентите да ги раскажат најстрашните кошмари, но притоа да им дадат позитивен крај. На тој начин, тие се обидуваат да ги сменат кошмарите кои ги сонуваат во убави соништа. Овој метод ги намалува кошмарите и ги прави помалку страшни, но не е ефикасен за сите пациенти.
Затоа, во новото истражување пациентите слушале и звук кој се поврзува со позитивните искуства во спиењето. Во 2010 година, научниците откриле дека доколку лицата научат да поврзуваат одреден звук со одредени емоции, тој звук може да им помогне да ги намалат кошмарите во спиењето.
Фото: Pixabay
Во истражувањето, дел од пациентите го слушале акордот од пијано С69 на секои 10 секунди за време на фазата од спиењето кога се јавуваат кошмарите. Пациентите претходно биле тренирани да го поврзуваат овој звук со позитивни емоции. Било заклучено дека пациентите кои го слушале звукот додека спиеле имале помалку кошмари, а повеќе среќни соништа во однос на контролата група.
Психијатарот Лампрос Перогамврос појаснил дека на овој начин луѓето манипулираат со емоциите во соништата и така ги намалуваат кошмарите.
Извор:
Science alert
Насловна фотографија: Pixabay