X
 06.06.2017 Култура

Луѓе кои се богати и успешни, а немаат завршено ниту средно училиште

Дипломата од високото образование значи дека сте поквалификувани кога барате работа, но за овие познати луѓе тоа не важи. Тие се и успешни и почитувани на својата работа, но не и во училиште.

Својот занает го учеле во театри, на семинари или курсеви, а средношколска диплома не добиле никогаш.

Кетрин Зита Џоунс на 15 години се откажала од школувањето во родниот Кардиф и се преселила во Лондон за да се посвети на актерската кариера. Од мала настапувала по локалните театри, па знаела дека ќе се бави со глума. Подоцна се запишала во уметничка школа, каде што се специјализирала за мјузикли.

Николас Кејџ од уметничката школа се откажал на 17 години за да може да почне да глуми. Година дена подоцна веќе добил улога во серија. Инаку, членови на неговата фамилија исто така имаат кариери во филмската индустрија.

Роберт Де Ниро пред да ја добие улогата во „Кум“ не беше голема ѕвезда. Живеел во Њујорк каде два пати се запишувал во приватна школа, но не ја завршил. На 17 години ја напуштил школата за да се посвети на глумењето. Првата улога ја добива на 20 години.

Роберт Дауни Џуниор првата улога ја имал на пет години кога глумел со својот татко. По разводот на неговите родители, се откажал од училиштето на 17 години. Наскоро настанува пресврт во неговата кариера и денес е еден од најплатените актери.

Камерон Дијаз
е глумица која во тинејџерските години била уверена дека ќе стане манекенка. На 16 се откажала од училиштето заради тоа, а преку таа успешна кариера успеала да дојде до Холивуд.

Дру Баримур како дете станува ѕвезда во „Е.Т.“ и оттогаш ја гради актерската кариера, па го запоставува образованието. Иако во младите години има проблеми со тешки дроги, успева да се извлече и да продолжи со успешната кариера.

Џони Дип на 13 години го напушта училиштето затоа што сака да стане рок ѕвезда. Се придружува на локален бенд, а по неколку години неговата сопруга го запознава со нејзиното поранешно момче Николас Кејџ, кој го наговара да проба да глуми.

Ал Пачино е еден од најголемите глумци во историјата на Холивуд, но и лош ученик. На 17 години го напушта училиштето откако паднал по сите предмети освен по англиски јазик, се скарал со родителите и заминал од дома. Подоцна глуми во театар, работел многу работи за да за преживее, а и спиел на улица. По четири години уапеал да се запише на студии по глума кои му ги отвораат вратите на Холивуд.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура