X
 14.01.2016 Образование

Видео игрите како дел од наставната програма во норвешко средно училиште

Ентузијастите за видео игри тврдат дека часови поминати пред телевизор со џојстик во раката не е губење на време - и на многу начини, тие не грешат. Истражувањата покажуваат дека видео игрите се поврзани со голем број бенефиции за мозокот.

Иако не секој е убеден дека „Halo“ или „Mario Kart“ се добри за децата, средното училиште „Garnes Vidaregåande Skole“ во Берген, Норвешка започна да нуди изборни часови за е-спортови.

Наместо да учествуваат во традиционални спортови како фудбал и ракомет, учениците кои ќе се запишат на е-спортови ќе поминуваат 5 часа во неделата учејќи го нивниот неконвенционален воннаставен избор. Меѓутоа учениците во текот на тригодишната програма нема само да седат и да играат видео игри.

Курсот ќе вклучува и 90 минути физички тренинг дизајниран за подобрување на рефлексите, силата и издржливоста. Наставниците ќе оценуваат колкаво е знаењето на учениците за игрите, а ќе оценуваат и тимска работа и тактички способности.

Ќе бидат обезбедени компјутери, столчиња за игри и видео картички, меѓутоа учениците треба да си донесат сопствено глувче, тастатура и слушалки врз основа на личен избор. Училницата во која ќе учат е веќе опремена, меѓутоа наставната програма се`уште не е точно утврдена. Игрите како „Dota 2“, „League of legends“, „Counter-Strike:Global Offensive“ или „Starcraft II“ се меѓу игрите кои доаѓаат во академски предвид.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование