X
 06.06.2017 Технологија

Вештачката интелигенција може да одреди колку долго ќе живееме

Дали сте знаеле дека вештачката интелигенција може да предвиди колку години ќе живеете? Имено, група научници од универзитетот Аделаиде од Австралија, направила систем од вештачка интелигенција кој може да предвиди дали наскоро ќе умрете, а за тоа е потребна само слика на вашите органи.

Научниците ја искористиле вештачката интелигенција за да ги анализираат медицинските снимки на белите дробови кај 48 пациенти. Системот на речиси 69 проценти од случаите точно им предвидил смрт на пациентите во следните 5 години.

Иако се работи за мал број на пациенти вклучени во истражувањето, научниците се цврсто уверени дека компјутерите во иднина би можеле да ја одредуваат дијагнозата за која е потребно долгогодишно усовршување на докторите.

Поголемиот дел од достапните аналитички системи можат да препознаат и да дијагностицираат болест, но не и да проценат колку ќе трае животот на пациентот.

Сличен систем неодамна развиле научниците на Лондонскиот институт за медицински услуги. Нивниот систем, може со веројатност од 80 проценти да одреди дали пациентот ќе почине од срцева болест за една година. Инаку, докторот тоа може да го направи во отприлика 60 проценти од случаите.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија