X
 05.09.2019 Технологија

Илон Маск и Џек Ма ја откриваат најголемата закана за иднината на човештвото

Соосновачот на „Алибаба“, Џек Ма, и извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск, имаат спротивни мислења за ризиците и потенцијалните придобивки од вештачката интелигенција.

Тие двајца не можат да се согласат дали вештачката интелигенција ќе има позитивна или негативна улога во иднина.

Минатата недела Илон Маск и Џек Ма беа гости на конференцијата Светска вештачка интелигенција во Шангај и говореа на темите: иднината на човештвото, вештачката интелигенција, освојувањето на вселената и слично. Кинескиот претприемач вели дека е доста оптимистичен за вештачката интелигенција и смета дека не постои ништо поради кое луѓето треба да се плашат.

mask
Фото: Getty Images

Но, Маск изјави дека технологијата се развива побрзо од нашата способност да ја разбереме. И двајцата сметаат дека една од најголемите закани за иднината на човештвото е „колапсот на популацијата“.

Според нив, најголемата закана за животот на Земјата не е астероид, ниту вештачката интелигенција, туку падот на глобалната популација што се очекува во текот на овој век. Маск тоа го нарече колапс на популацијата, а со него се согласи и Ма, нагласувајќи дека и покрај 1,4 милијарда луѓе, според моменталните прогнози, Кина во текот на наредните 20 години ќе има голем недостиг на луѓе. Еден од големите проблеми за Кина е тоа што поради долгогодишната политика луѓето да имаат само едно дете, моментално нема доволно (млади) луѓе кои би се грижеле и би ја издржувале постарата популација, поради што експертите предупредуваат за опасните општествени и економски последици од оваа ситуација.

Но, двајцата технолошки лидери имаат сосема различен поглед кога станува збор за вештачката интелигенција - Маск е песимистичен и смета дека вештачката интелигенција е опасна закана, а Ма смета дека вештачката интелигенција во иднина ќе има голема улога. Прво, вели дека луѓето ги направиле компјутерите, а не обратно, и дека иако компјутерите денес се паметни, луѓето и понатаму се многу попаметни. Затоа за него вештачката интелигенција не претставува закана, туку технологија што ќе го преземе товарот што денес го носат луѓето.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија