X
 23.06.2015 Образование

БЕСТ Скопје го организира 13-тиот Меѓународен Летен Академски курс

Бордот на Европски Студенти по Tехнологија- БЕСТ Скопје, во соработка со Машинскиот Факултет Скопје, по 13-ти пат организира Меѓународен Летен Академски курс. Оваа година во фокусот на предавањата е темата „Хидроенергија и одржлив развој на водата“.

 

Доаѓаат 25 партиципанти од цела Европа, кои ќе имаат предавања од искусни професори од МФС, ФЕИТ и ГФ Скопје и предавачи од врвни компании кои имаат поврзаност со темата, меѓу кои се енергетските компании ЕЛЕМ и ЕВН. Меѓународниот Летен Академски курс ќе се одржи од 30-ти јуни до 10-ти јули, а на крајот од настанот сите учесници ќе полагаат завршен испит кој доколку го положат ќе добијат сертификат со признаени кредити според ЕКТС.

Покрај едукативниот дел, овој настан има и културно значење поради разновидноста на културите и традициите кои со себе ги носат самите учесници од различни земји во Европа. Преку организирање на бројни дневни и ноќни активности во Скопје, како и викенд патување во Охрид, учесниците имаат можност да се запознаат со културните и историските обичаи и знаменитости на Македонија, како и да ги разменат сопствените. Со учеството на овој настан тие ќе ги видат и убавините на нашата земја, а преку посета на бројни хидроцентрали во Македонија ќе научат нешто повеќе за начините и процесите на искористување на енергијата во Македонија.

Едукативниот и културен карактер не е единствената цел на овој настан. Преку него имаме можност и за подобро запознавање на студентите меѓусебно, како и ширење на нови пријателства низ цела Европа.

БЕСТ- Борд на Европски Студенти по Технологија е непрофитна и неполитичка организација која на студентите им дава можност да го да го прошират своето знаење за теми кои го надополнуваат нивното образование преку организирање академски курсеви, инженерски натпревари, симпозиуми за едукација, тренинзи и културни размени. Од друга страна, БЕСТ исто така се стреми да го прошири пазарот на трудот преку саеми за вработување и кариера, работилници, воедно и водење на интернационален центар за кариера.

Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование