Францускиот е јазикот на љубовта и романсата, а припаѓа на индо-европското семејство. Тој потекнува од латинскиот јазик на римската империја, како и од италијанскиот, португалскиот, шпанскиот, романскиот, каталонскиот и други.
Францускиот јазик еволуирал од гало-романскиот, разговорниот латински во Галија и поконкретно во Северна Галија. Неговите најблиски роднини се другите јазици историски зборувани во северна Франција и во јужниот дел на Белгија.
Францускиот јазик е официјален јазик во 29 земји, а поголемиот дел од нив се членки на Франкофонијата, заедница на земји во кои се зборува француски. Тој е прв официјален јазик во Франција, јужна Белгија, западна Швајцарија, Монако, некои делови од Канада и уште неколку заедници. Во 2015 година, 40% од франкофонската заедница живеат во Европа, 35% во суб-сахарската Африка, 15% во Северна Африка и на Блискиот Исток, 8% во Америка и 1% во Азија и Океанија.
Доколку сакате да учите француски онлајн, подолу имате неколку курсеви кои ви го нудат тоа.
Babbel
Babbel е новиот начин на учење на странски јазик. Овој сеопфатен систем за учење комбинира ефективни методи за образование со „state-of-the-art“ технологија. Можете да започнете со лесен вовед во францускиот или само да ги консолидирате вашите основни познавања со курсот за почетници. Чекор по чекор, за брзо вреќе ќе можете да добиете разбирање за најважните идеи и ќе можете да напредувате.
Официјална веб страна
Аlison
Францускиот јазик е зборуван од милиони луѓе во многу земји низ светот и е доста популарен втор јазик за учење. Бесплатниот онлајн курс Alison е серија на видео лекции за почетници кои го воведуваат ученикот во различни аспекти на францускиот јазик вклучувајќи го основниот речник и граматиката. Со проучување на овој француски курс, за брзо време ќе можете да започнете да го користите францускиот во разговор.
Официјална веб страна
The French experiment
Веројатно најбалансираната онлајн платформа за онлајн учење. Срцето на курсот е интерактивен аудио курс сличен на аудио курсевите со идејата дека јазикот најдобро се учи преку разговори и повторување.
Секоја лекција е долга околу 20 минути. Снимката од разговорите е јасна, а лекциите ве учат практични јазични вештини како што е резервирање на хотел, па дури и флертување, додека ви даваат и одлична основа во граматиката.
Официјална веб страна