X
 06.06.2020 Економија

Државите на кои САД им должат најмногу пари

Државниот долг на САД се зголемува поради зголеменото трошење за справување со кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот. Американското министерство за финансии планира да позајми 2,9 билиони долари во периодот од април до јуни за да ги покрие трошоците поврзани со коронавирусот. За споредба, министерството позајмило 1,28 билион долари во цела 2019 година.


Фото: Pixabay

Јавниот долг покажува колку САД им должат на кредиторите. Тој изнесува околу 25 билиони долари. Државата издава државни записи и обврзници за да го покрие дефицитот во буџетот.

Околу 27% од долговите на САД, односно 6,8 билиони долари, се пари позајмени од странски кредитори. Според податоци од средина на мај, ова се петте земји од кои доаѓаат најголемите кредитори на САД и сумите што САД им ги должат.


Фото: Pixabay

1. Јапонија - 1,271 билион долари
2. Кина - 1,08 билион долари
3. Велика Британија - 395,3 милијарди долари
4. Ирска - 271,5 милијарда долари
5. Бразил - 264,4 милијарди долари.

Автор: Меган Хени
Извор: foxbusiness.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија