Американската глумица Фелисити Хофман е обвинета за давање мито за упис на нејзиното дете на факултет, заедно со уште најмалку 40 лица зашто, наводно, ги потплатувале тренерите на колеџ и луѓето од центрите за тестирање, за нивните деца да се запишат на најелитните школи во земјата, соопшти обвинителството во Калифорнија.
Митото наводно е вршено преку компанија за консултации, а се работи за случај тежок околу 25 милиони долари. Во овој скандал се вмешани и универзитети како Јејл, Џорџтаун и Стенфорд. Меѓу родителите има актери, извршни директори, моден дизајнер и копретседател на глобална правна фирма.
Обвиненија се покренати против 33 родители, меѓу кои и ТВ-ѕвездата Фелисити Хафман, најпозната по улогата на Линет во серијата „Очајни домаќинки“ и Лори Лаглин од серијата „Полна куќа“, како и против 13-мина тренери и соработници на Вилијам Рик Сингер, сопственик на калифорниската фирма „Еџ колеџ енд кариер нетворк“.
Поранешен фудбалски тренер на Универзитетот „Јејл“ признал вина и помогнал да се изгради случај против останатите.
Џозеф Бонаволонта, агент на ФБИ, истакна дека родителите потрошиле од 200.000 до 6,5 милиони долари за да им загарантираат прием на децата на
универзитетите.
Извор: МИА