„Фортнајт“, една од најпопуларните видеоигри меѓу средношколците и студентите, сега станува официјален спорт и во средно училиште и на факултет благодарение на стартапот „ПлејВи-ес“.
Компанијата, во партнерство со „Епик гејмс“, творецот на „Фортнајт“, ќе воведе лига во која ќе се натпреваруваат средношколците и студентите.
Од самите образовни институции не се очекува многу бидејќи „ПлејВи-ес“ ќе се погрижи учеството да биде достапно. Она што гејмерите треба да го направат е да се логираат во системот на „ПлејВи-ес“, каде што ќе им биде закажан натпревар. На крајот компанијата ќе состави статистички преглед на резултатите кој ќе биде достапен за играчите, тренерите и љубителите на играта, исто како кој било друг спортски натпревар.
Натпреварите ќе се играат во тимови по двајца играчи. Не постои ограничен број на тимови што може да ја претставуваат образовната установа. Најдобрите тимови ќе напредуваат низ фазите на натпреварот и ќе имаат шанса да го освојат првенството, кое ќе се одржи во мај. „Епик гејмс“ за првата сезона од лигата ќе им обезбеди бесплатна пријава на сите учесници.
За „
ПлејВи-ес“ ова претставува нов предизвик. Од лансирањето повеќе од 13.000 средни училишта се придружија на листата на чекање за да добијат е-спортски тим преку „ПлејВи-ес“, што претставува над 68 отсто од земјата.