Иако секој дел од денот понекогаш може да биде стресен, експертите успеале да пресметаат кое време од денот е најстресно за повеќето луѓе.
Истражувањето спроведено од група научници во Лондон, во кое учествувале 2.000 луѓе, покажало дека најстресното време за повеќето возрасни луѓе во просек е 7:23 часот наутро. Како што може да претпоставите, ова се должи на честиот утрински стрес.
Исто така, истражувањето покажа дека постои мала разлика во најстресното време од денот во зависност од полот. Жените порано го доживуваат стресот од мажите, односно во 7:50 часот. Кај мажите, првиот индикатор за стрес почнува еден час подоцна, односно во 8:43 часот.
Овие утрински драми можат да ја попречат вашата продуктивност во текот на денот, објаснуваат експертите што работеле на истражувањето.
Според нив, утринскиот стрес најчесто е предизвикан од тоа што не ги завршуваме навреме обврските во раните утрински часови. Метеж во сообраќајот, место за паркирање, приготвување појадок и подготовките за на работа или на училиште се само дел од обврските со кои се соочуваат повеќето од нас, а сето тоа влијае врз нивото на стрес.