Емилија Кларк изјави дека долгогодишните тврдења за заработката на актерите од серијата „Игра на троновите“ биле значително преувеличени, демантирајќи дека земале хонорар од 300.000 долари за епизода.
Актерката, позната по улогата на Денерис Таргариен во хит-серијата „Игра на троновите“ на Ејч-би-о, вели дека бројките што со години кружат на интернет не се точни. На тврдењата дека таа и неколку нејзини колеги заработувале по 300.000 долари од епизода во „Игра на троновите“, Кларк вели дека тие бројки не се точни, додавајќи со доза хумор дека во спротивно би возела неколку „поршиња“.
Кларк не откри колку точно изнесувале хонорарите, но нагласи дека претходно објавените суми биле значително преценети. Таа не сакаше да ги коментира старите извештаи според кои некои од главните актери од „Игра на троновите“ наводно добивале и до 500.000 долари за епизода.
„Игра на троновите“ премиерно беше прикажана во 2011 година и имаше осум сезони, до нејзиното завршување во 2019 година. Покрај Кларк, во серијата глумеа Кит Харингтон, Лена Хеди, Николaj Костер-Валдау и Софи Тарнер.
Дискусиите за платите дополнително се засилија во 2018 година, кога се појавија судски документи од правен спор на Костер-Валдау, според кои актерот за најмалку шест епизоди од последната сезона на „Игра на троновите“ наводно заработувал 1,07 милиони долари од епизода.
Извор:
Klix.ba
Фото: Screenshot/YouTube