Кралското семејство води раскошен живот, но тој не е евтин. Тоа се држи до повисок стандард од сите други. Можеби ќе се изненадите од фактот што се потребни околу 358 милиони долари за водење на британската монархија на годишно ниво.
Многумина од нас не сфаќаат што е потребно за да се води монархија и од каде доаѓаат парите. Со тоа, прашањето е: како заработуваат кралицата Елизабета и нејзиното семејство?
Постојат различни извори од каде што ова семејство ги добива парите - некои извори се јавни, додека другите се приватни.
Кралицата добива суверен грант
Грантот доаѓа од државната каса што е финансирана од даночните обврзници. Во замена за овој грант, кралицата се согласила на британската влада да ѝ дава 15 отсто од профитот на Краун Естејт, секоја година.
Во 2015 година грантот на кралицата изнесувал 48,9 милиони долари. Тој ги покрива трошоците за одржување на палатата, патните и комуналните услуги и вработените.
Кралицата има таканаречена „тајна чанта“
Кралицата има приватен приход наречен „тајна чанта“ што содржи 18.450 хектари земја, во што се вклучени станбени деловни зделки, како комерцијални така и земјоделски. Оваа „чанта“ на кралицата ѝ донела 26 милиони долари приход во 2017 година.
Кралицата има лично богатство
Се проценува дека личното богатство на кралицата изнесува 414,7 милиони долари.
Сите деца се милионери
Не е само кралицата таа што има милиони; и децата се милионери. Принцот Чарлс има 100 милиони долари, принцот Филип 20 милиони, принцот Вилијам и принцот Хари имаат по 40 милиони долари. Меган Маркл дојде во фамилијата со 5 милиони долари поради нејзината актерска кариера.
Кралицата го наследила имотот Сандрингем
Таа го наследила имотот од нејзиниот татко.
Таа има колекција вредна милиони
Колекцијата слики и вредни уметнички дела што кралицата ги поседува вредат милиони.
Кралското семејство го поседува целото злато
Барем кога станува збор за златото во Велика Британија. Некои од нивните приходи доаѓаат од нивните средства што вклучуваат минерали како варовник, јаглен, гипс и се разбира злато.
Кралицата го поседува замокот Балморал во Шкотска
Уште еден имот што го поседува и што го наследила од нејзиниот татко.
Принцот Филип добива годишна плата
И принцот Филип добива пари за неговите службени должности. Војводата од Единбург добива 488.000 долари за извршување на овие задачи.
Принцот Вилијам работи
Можеби ве изненадува фактот дека принцот Вилијам е првиот кралски член што има цивилен договор. Тој е вработен како пилот за „Ист Англијан ејр амбуленс“. Тој заработува 62.000 долари годишно, што е малку за милионите што ги има. Но поголемиот дел од неговата заработувачка директно оди за добротворни организации.
Кралското семејство заработува од ветерници
Кралското семејство прави пари од секторот за обновлива енергија. Во 2016 година кралското семејство заработило 31 милион долар од бизнисот со ветерници.
Наследството на принцезата Дијана
И принцот Вилијам и принцот Хари добиле наследство по смртта на принцезата Дијана. Таа оставила фонд за нејзините синови што им овозможил по 13 милиони долари, а ги добиле и нејзините фустани, нејзиниот накит и документи. Тие добиле и рачно напишан текст од песната „Свеќа во ветерот“ од Елтон Џон.
Принцот Хари заработувал од армијата
Принцот Хари се пензионирал во 2015 година, но пред тоа 10 години му служел на воениот воздушен корпус. Кога се вработил, тој бил офицер и годишно заработувал по 45.251 долар. По завршувањето на обуката станал пилот на хеликоптер и годишно заработувал помеѓу 50.278 и 53.286 долари.
Сите деца имаат корист од грантовите
Кога станува збор за суверениот грант и „тајната чанта“, сите деца добиваат од него. Токму затоа сите кралски членови, вклучувајќи ги и Кејт Мидлтон и Меган Маркл, не мора да се грижат за наоѓање работа.
Кралицата инвестира во акции
Кралицата обожава да инвестира во акции. Таа во голема мера инвестира во британски компании со сини чипови. Има направено многу пари со своите акции, но не сите биле успешни.
Принцот Чарлс има корист од војводството Корнвол
Принцот Чарлс добива голем дел од неговиот приход од војводството Конрвол, што е уште еден пакет имоти во сопственост на кралското семејство. Во 2016 година добил 40,8 милиони токму оттука.
Кралското семејство има дел од крајбрежјето
Кралското семејство поседува многу земја, вклучувајќи половина од крајбрежјето. Имотот ги вклучува сите британски крајбрежни води, каде што енергетските компании плаќаат многу пари за изградба на фарми со ветерници. Исто така, семејството поседува 137.593 хектари шума и рурално обработливо земјиште.
Тие се земјопоседници
Тие се најголемите земјопоседници во цела Британија. Имаат имот низ цела Британија што вреди близу 20 милиони долари.
Поседуваат делфини
Да, кралското семејство има удел и во животинското кралство и дивиот свет е под негова надлежност. Според законот на Обединетото Кралство, постојат фауни кои се под лична сопственост на монархот. Тоа значи дека секое животно што плива во реката Темза, како лебеди, китови или делфини, му припаѓа на семејството.
Поседуваат многу замоци
Освен тие два гореспоменати замоци, постојат и други: Виндзор, Бакингемската палата, замокот Хилсборо, Кларинс хаус, итн.
Поседуваат планини накит
Бројот на скапоцени камења и нивната вредност се речиси непресметливи, меѓутоа, се смета дека се блиску до 63 милиони долари.
Кралските должности им се платени
Секако, тие не мора да работат онака како што работиме ние, но обично кога извршуваат кралски должности добиваат пари за тоа.
Даночните обврзници плаќаат за нивните патни трошоци
Ова е болна точка за даночните обврзници бидејќи
кралското семејство многу патува. Само во 2017 година семејството потрошило над 5 милиони долари за службени патувања и 300.000 долари за користење сопствен воз.