X
 06.07.2018 Живот

Која европска земја најдобро ги плаќа работниците и каде се наоѓаме ние?

Реформите на пазарот на трудот се приоритет на земјите од Западен Балкан. Според статистичките податоци, овие земји заостануваат зад просекот на Европската Унија. Иако работниците во Албанија имаат најмногу работни саати во Европа, тие се на дното на европската листа кога станува збор за заработувачката.

Продуктивноста на работата најдобро се мери со соодносот на БДП и работните саати.

Во Западен Балкан највисока продуктивност имаат хрватските работници, меѓутоа, трендот не расте. На второ место е Црна Гора, со 2.112 работни саати, додека саатницата изнесува 22,05 долари по саат. Македонија се најде на трето место со 1.900 работни саати, а саатницата изнесува 20,22 долари по саат. Претпоследна е Србија со 2.088 работни саати и саатница од 13,48 долари, а последна е Албанија со 2.231 работен саат и 12,34 долари саатница.

1
Колку заработуваат работниците во регионот?Фото: Aljazeera

Според продуктивноста на работата, земјите во регионот се наоѓаат во „златната“ средина на листата објавена од агенцијата на ОН, што промовира социјална правда и меѓународно признати човечки и работнички права.

Најпродуктивните земји во светот


1. Ирска - 83,1 долари
2. Луксембург - 81,2 долар
3. Норвешка - 79,2 долари
4. Белгија - 64,6 долари
5. Данска - 63,5 долари
6. САД - 63,3 долари
7. Холандија - 61,7 долар
8. Франција - 60 долари
9. Германија - 59,9 долари
10. Швајцарија - 58 долари
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот