X
 28.12.2022 Живот

Снимкa од 60-тите години покажува како децата тогаш го замислувале животот во 2000 година

Видео од Би-би-си во 60-тите години, во кое учениците го даваат своето мислење за состојбата на светот во 2000 година стана вирално на „Твитер“, а предвидувањата на децата предизвикаа многу реакции затоа што се целосно депресивни и морничаво точни.

Децата интервјуирани во 1966 година не се особено оптимисти за претстојниот милениум и се чини дека се плашат од тоа како технологијата и автоматизацијата ќе влијаат врз нивната иднина.

- Мислам дека луѓето повеќе ќе се сметаат за статистика отколку како вистински луѓе - вели едно момче.

- Мислам дека нема да биде толку убаво. Машини насекаде и секој ќе прави сѐ за вас. Ќе ви биде здодевно и нема да биде толку убаво - вели едно девојче.

- Компјутерите заземаат голем замав. Во 2000 година едноставно нема да има доволно работни места. Единствените работни места ќе бидат за луѓе со висок коефициент на интелигенција. Другите луѓе едноставно нема да имаат работа - е предвидувањето на друго девојче.

- Овие деца се поартикулирани од просечниот возрасен денес - вели еден твитер-корисник.



Извор: Ladbible.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот