X
 03.02.2015 Живот

Зошто секогаш мислиме дека било подобро во минатото?

Следниот пат кога родителот ќе ви вели дека порано се живеело подобро, согласете се. Тоа ќе го мислите и вие наскоро.

Едно истражување открило дека 70% од луѓето мислат дека светот станува полош и повеќе од половина се сигурни дека животот бил подобар порано. Психолозите сметаат дека не е така, барем доколку гледаме објективно.

Според психолозите, луѓето го имаат ова мислење бидејќи мозокот најдобро помни на возраст од 15 до 25 години и истовремено е „програмиран“ да ги заборава лошите настани, а помни добрите.

Професорот Ник Чатер од бизнис академијата „Варвик“ ги анализирал податоците и вели дека луѓето ги оценуваат минатите празници и други слични искуства како попозитивни од оние во моментот.

Потоа, доколку сакаме да се „вратиме“ наназад, имаме настани како војни, терористички напади наместо да мислиме на нешта кои ни го олесниле животот.

Тој додава дека феноменот е присутен од 3000 п.н.е.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот