X
 03.06.2017 Култура

Земјите во светот каде децата живеат најдобро

deca
Фото: Tomo Jesenicnik

Словенија и Норвешка се прогласени за најдобрите земји за живеење на децата, според „Save the Children“ и неговиот прв индекс наречен „End of Childhood“, мерејќи го здравјето и благосостојбата на младите во светот. Извештајот идентификува осум фактори кои го уништуваат детството ширум светот: слаба исхрана, недостаток на образование, смртна стапка на децата, детски брак, детска работна сила, тинејџерска бременост и регионален конфликт. Врз основа на извештаите од глобалните организации, земјите се оценети врз основа на секој од овие фактори, а просекот одлучува за глобалното рангирање.

Најдобрите 10 земји од извештајот се од Европа, освен Јужна Кореја која е рангирана како 10-та заедно со Германија, Белгија и Кипар.

деца
Фото: Jost Gantar

На дното се наоѓаат Мали, Ангола и Нигерија, заедно со уште неколку централно африкански земји каде е најопасно за децата.

Maкедонија се најде на 56-то место со вкупно 910 поени. Од останатите балкански земји Србија се најде на 41-то мест со 928 поени, Хрватска на 25-то место со 969 поени, Босна на 35-то место со 942 поени, Бугарија на 49-то место со 917 поени и Словенија на првото место со 985 поени.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура