Да се постигне успех на меѓународна олимпијада е многу долг и тежок пат. За да се квалификуваш за учество во македонскиот олимписки тим, мора да си еден од десетте најдобри на државните натпревари по една од трите природни науки - физика, хемија или биологија, па два квалификациони натпревари. Најдобрите шест ученици од овие натпревари се избрани да ја претставуваат Македонија – вели Никола Спировски од Скопје, кој беше член на Меѓународната јуниорска олимпијада што лани се одржа во Доха, Катар. Оттаму се врати со сребрен медал.
Никола годинава беше полуматурант во Основното училиште „Јохан Хајнрих-Песталоци“ во Скопје, каде што беше прогласен за првенец на генерацијата. Тој вели дека тоа е уште една потврда за заедничките успеси со неговите ментори.
Прочитајте повеќе на ДЕЦА.МК.